Agnozija (2009)

by The Beginnings

/
  • Streaming + Download

    Includes high-quality download in MP3, FLAC and more. Paying supporters also get unlimited streaming via the free Bandcamp app.
    Purchasable with gift card

      name your price

     

1.
Листовите од дрвјата тивко паѓаат на мојата улица... времето полека проаѓа и не убива... не знаеш кога ќе те снема, па помини го овој ден најдобро што можеш
2.
Parada 03:03
Во духот на секојдневната традиција нема промена тврдокорна квази-културна неприродност и уште повеќе... Парадирање со чувства на несигурност, купување на твојот глас, и евтин излез - самоубиство лоши времиња... Парада на глупаци со спротивни мислења, нееднакви пристапи, но исти крајности, човекот создава за да уништи се што му стои на пат... војна за мир, работа за одмор, ден за ден, еден по еден Парада на кретени, покори се, застани, немаш ти капацитет, не размислувај... остани заглавен во свежиот бетон во вечните векови... не сакам паради, одбивам да потонам, сакам да имам -- но не сакам да изгубам Мрачни времиња, уште помрачни ликови, во светиот свет на злите духови... во рацете ја држам мојата сопствена иднина луди научници, празноглави војници, фрлете поглед во вредноста на животот
3.
Agnozija 02:14
Пробав да им објаснам, зошто сум тука залутан, им реков тука сум јас со причина сакав да им покажам, на светот да му докажам, дека земјата се врти и е округла не ми веруваа премногу, мислеа јас сум забеган, моите зборови ги исмејуваа ме врзаа со јаже, околу врат, и на плоштад, се собраа да ме обесат Јас си седев така мирен, и го чекав џелатот, да ја одреди мојата судбина луѓето ме гледаа, и злобно и се смееа, на мојата бесмислица Пробав да им објаснам, дека сум пророк небесен, и дека сум тука да ги просветлам сите грешни синови, во пекол не-заминати, нивните души од гомна да ги извадам не ми веруваа премногу, мислеа јас сум забеган, моите зборови ги исмејуваа па ме ставија на крст, полека ме убиваа, и не успеав да им помогнам потоа изградија храмови, и многу споменици, почнаа моето име да го слават храмовите станаа банкомати, и се наполнија со пари, од мојата милостина Пробувам да им објаснам дека е 21ви век, и еволуција на ум започнува светот не оди во прогрес, туку оди наназад И СЕ "У ПИЧКУ МАТЕР И У КУРАЦ" Тестови врз животни, веронаука во школите, и нафтена војна во Ирак правење пари на туѓ грб, убивања без причина, враќање кон примитивизам Страв и мразење насекаде, општествени предизвици ова е свет без морални вредности и пред да дојде мојот крај, и отидам јас во "раj", барем знам, сум се потрудил да допрам до твојот ум
4.
Tvojot Macho 02:11
Претставничка на навидум човечко суштество, претставник на понежниот пол, посветлата страна на секој од нас, дали за тебе претставува цел? До каде е развиена твојата совест? Преку кур ми е од фаци како тебе без никакви вредности, и без никаква емоција, за тебе жената претставува само "дупка" и "цел" Не личиш ниту на човечко суштество, - oчигледно твојата свест се изгубила само негде да го ставиш ти е важно, зошто ли не го ставиш во лубеница? и ја пресечеш на пола... и ти и сите како тебе... или удавете се во вода... и престанете да го трошите воздухот Што стана со љубовта? Дали сеуште некој ја чувствува? Што стана со овој свет? Колку од нас останаа со чувства и емоции? Па не нарекуваат со погрдни зборови затоа што знаеме да сакаме
5.
Полн со фрустрации, полн со омраза и недоразбирања насмевка и циничност, за личност без малку самокритичност Потребна е морална поддршка за да ги срушиме бариерите меѓу нас нов месија е потребен, за да не спаси од тонење Јас роден во пустината без камења... Овде сам седам, никој не ме гледа, никој не ме прашува кој сум, што сум, зошто не сакам да бидам дел од пустината без камења, да се видам во морето без вода каде пливам и пливам и... Пливам и пливам и тонам и тонам... Пливам и пливам и тонам и тонам... Пливам и пливам и тонам и тонам... Пливам и пливам и тонам... Пливам и пливам и тонам Полн си со омраза, предрасудата е твоја карактеристика, за личноста која ја поседуваш Твојот живот е капка во морето на безлични истомисленици
6.
Културна, болна хегемонија, неможност за спас на средината... Подобар свет, и подобра иднина оптимистичка дисилузија Центрираност на религиска невозможна догма... ние одлучуваме за нашата судбина. И не ни треба нам надприродното, за да ја бараме среќата не сакам да бидам дел од толпата, да ја следам патеката на лагата Што е вистина? На која историја да и верувам? Во парализиран делириум се наоѓам... Се наоѓам еве пак во празна мала соба... неспособен за среќа, осуден на гнев.... Толку омразен, ме тегнат надоле ме тераат да верувам во нивните лаги, недоволно добро смислени... ЈАС НЕМАМ МИНАТО... (делириум...) ЈАС НЕМАМ МИНАТО... (делириум...) ЈАС НЕМАМ МИНАТО... (делириум...) ЈАС НЕМАМ МИНАТО... (делириум...)
7.
Принципи и цврсти ставови градат карактер за твојата индивидуа.. Лојалност, неизневерување, пријателство, култура, братство, еднаквост?! Ова е за тебе, мој "хардкор" пријателе ти забив нож во грб зошто сакав да ти спасам гз! Можеби од принципиелноста не согледуваш реално? Овде не си потребен, некогаш ми беше френд, иако те сакав јас, ти си човек со принципи и НИКОГАШ "хардкор" нема да биде она што го направи
8.
1963-ta 06:30
Еј бабо, кажи ми дали е нешто сменето од времето на потресот, земјотресот кои ги смени вашите животи? Дали темелот на зградата е ист, како на системов? "Исто е сонцето, исти се деновите, исто е небото, само средствата за опстанок се помали..." "...Не синко, се е сменето, сега е многу полошо времето, и помал е денот... И празни се зборовите, што ти сега ги говориш во песните......" Но бабо јас не се предавам... не сакам да знам... Само сакам овој свет... да биде подобар за мене и за тебе Но дали ќе успеам? Дали ќе отрезнам некого? Дали се што зборам е залудно? Дали секој збор е џабе потрошен? Дали ќе останат траги на земјата? Никој не знае... Тотална нестабилност, самоуништување, бес и гнев го мачат овој свет сега не има, утре ќе не нема, по следната одлука на твојот и мој председател
9.
Имам план да освојам дел од светот и во мојот дел ништо нема да биде божјо и свето таму луѓето ќе лежат по цел ден никој нема да работи, секој ден "републиката" ќе слави роденден На.. на на.. на на.. на.. мојата република На на.. на на.. на.. нашата република Имам план да освојам дел од светот Во тој дел ќе можеш да правиш се што ќе посакаш... легални дроги (доколку сам си одлучил така), легален алкохол, гласна музика насекаде... нема да посакаш да си одиш.. Ааа јеа јеа На.. на на.. на на.. на.. мојата република На на.. на на.. на.. нашата република На.. на на.. на на.. на.. мојата република На на.. на на.. на.. нашата република Нашата република нема да има граници, а сепак нема да примаме недобредојдени ако не им веруваш, на песните и моите зборови тогаш оди си примаме само луѓе кои веруваат во нашите зборови (и идеологии) Ааа.. јеа јеа јеа На.. на на.. на на.. на мојата република На на.. на на.. на.. нашата република На.. на на.. на на.. на мојата република На на.. на на.. на.. нашата република Имам план да го освојам светот сакам сите да се еднакви да нема знамиња, граници и националности затоа се борам секоја... Ебана секунда, од животот, од животот се додека, се додека... се додека се гледаш во огледало се мразиш ли, се мразиш ли? Се додека... Се додека... Се додека ти мразиш некого, се мразиш сам На.. на на.. на на.. на мојата република На на.. на на.. на.. нашата република Твојата република.
10.
На што си толку горд? Дали се чувствуваш супериорен, над сите? Полудуваш! Некој тука живее без парче леб, а и татко ти не вози ферари кабриолет На што си толку горд? На што си толку горд?
11.
Laga 04:33
Ако сега ги тргнеме маските на лицата ќе ги забележиме лузните се трудиме да ги избришеме солзите дали се лажеме дека среќни сме? Уште една лага меѓу нас, меѓу вас... лажи ме, ќе те лажам и јас и ќе бидеме среќни засекогаш, во илузија... Во огледалото нема лик, сите сме (јас и ти) безлични, неспособни, неискрени... ...во заблуда тонеме, се гушиме, пропаѓаме се повеќе и повеќе... и повеќе,и повеќе и повеќе и повеќе... повеќе... И повеќе (и повеќе) И повеќе (и повеќе) И повеќе (и повеќе) И повеќе...
12.
...и погледни ја пепелта, остатоците од војната на тој голем воен патриот омразата е производ на измислени белези кои ги разделуваат луѓето не сакам да те мразам само затоа што некој не разделил со граница... не сакам да те убијам, не сакам да бидам дел од апсурдната воена кланица... Не верувам во граници, ни во нација не верувам дека веруваш во самоубиствена мисија Само уште еден ден, уште стотици убиства... уште една бесмислена контрола врз марионети што ги водат сите оние, за чиј авторитет не се ни запрашуваш........ Сите сме контролирани од големата невидлива рака конзумираш омраза, вриштиш и повраќаш стануваш зависен од омраза и посакуваш... Сакаш ти да убиваш (сакаш ти да убиваш) Сакаш ти да уништуваш (сакаш ти да уништуваш) Сакаш ти да замразиш (сакаш ти да замразиш) Сакаш ти да те замразат (сакаш ти да те замразат) Сакаш ти да убиваш Сакаш ти да уништуваш Сакаш ти да замразиш Сакаш ти да те замразат До кога, до кога, до кога, до кога, до кога??? Ќе копаме гробови (едни на други)? Зарем вреди да се умре веќе закопан?

credits

released May 15, 2009

Filip Tasevski - Fitz aka Feetz (vocals, guitar)
Nikola Isailovski - Fat Cacko (guitar, yelling vocals)
Aleksandar Petrovski - Ace (bass, no vocals)
Bodin Popov - Bodeen (drums, some vocals)

All music and lyrics by: Filip Tasevski - Fitz aka Feetz
* except: Laga - music by: Nikola Isailovski - Fat Cacko & Filip Tasevski - Fitz aka Feetz
Arranged and played by: Noviot Pochetok

Band photo: Filip Popovski
Artwork: Filip Tasevski - Fitz aka Feetz

Recorded in studio Enterprise by Valentino Skenderovski (June 2008 – February 2009).
Produced, edited, mixed and mastered by Valentino Skenderovski & Noviot Pochetok.
Released by Enterprise Records and Sixtynine Records on May 15th, 2009.
Available in Jugoton GTC, Skopje, Macedonia and at Sixtynine Record's distro.

license

all rights reserved

tags

about

The Beginnings Macedonia

The Beginnings is one of the longest running punk rock/melodic hardcore bands from Macedonia, established in 2002. The band was previously known as “Noviot Pochetok / The New Beginning” from 2002 to 2018 and under that name they have played 5 longer tours across Europe, and released 4 LP's. As "The Beginnings" they have released one LP so far called "I Am Dirt" in September, 2018. ... more

contact / help

Contact The Beginnings

Streaming and
Download help

Report this album or account

If you like The Beginnings, you may also like: